• вторник, 26 ноември 2024

Делегација од Вермонт на средби со Шекеринска и Ѓурчиновски

Делегација од Вермонт на средби со Шекеринска и Ѓурчиновски
Скопје, 2 јуни 2021 (МИА) - Високата делегација од сојузната држава на САД, Вермонт, предводена од заменик на гувернерот Моли Креј и командантот на Националната Гарда (НГ) генерал-мајор Грег Најт, денеска ќе го посети Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата. За време на посетата на Министерството за одбрана и Генералштабот, делегацијата ќе оствари средбa со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, додека генералот Најт ќе се сретне и со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. Генералот Најт, како што информираат од МО, ќе додели значки за посебни заслуги на десет припадници на Армијата кои покажале висока професионалност во извршување на задачите при заедничките активности кои ги имаме со НГ на Вермонт во изминатите 28 години. дма/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан