• сабота, 04 мај 2024

Дела на Митриќески, Ташковски, Чемерски, Хаџи-Бошков,.... во Галерија Матица

Дела на Митриќески, Ташковски, Чемерски, Хаџи-Бошков,.... во Галерија Матица

Скопје, 1 февруари 2024 (МИА) - Во изложбениот салон на Галеријата Матица денеска ќе се отвори нова ликовна продажна изложба на значајни македонски творци од различни генерации.

Ќе бидат изложени дела на: Боро Митриќески, Васко Ташковски, Глигор Чемерски, Петар Хаџи-Бошков, Газанфер Бајрам, Илија Аџиевски, Вангел Наумовски, Ордан Петлевски, Симон Шемов, Павле Кузманоски, Димитар Малиданов, Сергеј Андреевски, Тања Балач, Решат Амети, Ниче Василев, Касиопеја Наумовска,...

Покрај дела од уметноста, Галерија Матица, како што информира, располага и со голема понуда на монографии од областа на уметноста, историјата на уметност, археологијата, како и наслови од современата македонска и светска книжевност. мч/аа/

фото: Галерија Матица

Остани поврзан