Дев Пател: По „Сиромашниот милионер“ бев како јастог во тенџере
- Тој проговори за „лудото време“ во неговиот живот, кога бил „зграпчен“ од светската слава благодарение на неговата улога во ова остварување.
Лондон, 27 септември 2021 (МИА) - Ѕвездата на оскаровскиот филм „Сиромашниот милионер“, Дев Пател во изјава за „Тајмс“ проговори за „лудото време“ во неговиот живот, кога бил „зграпчен“ од светската слава благодарение на неговата улога во ова остварување.
- Како да бев јастог фрлен во тенџере коешто врие. Беше необично во секој поглед. Буквално „бев извлечен“ од мојата соба на ул. „Рајнерс лејн“ во северозападен Лондон. Патував насекаде со воз и потоа одеднаш се најдов на насловниците... И, во еден миг, секоја глава во купето, една по една, како кокошки, почна да се врти и да зјапа во мене. Беше лудо искуство... Се чувствувам така и денес, на некој начин. Детето од „Рајнер лејн“ сѐ уште е дел од мене!, истакна индиско-британскиот глумец кој тогаш имал едвај 18 години.
Филмот од 2008, е добтник на осум „Оскари“, меѓу коишто и за режија, прилагодено сценарио и најдобар филм.
Дев Пател годинава е актуелен со авантурата „Зелениот витез“. си/