• сабота, 23 ноември 2024

Девојка со попреченост е новата „Мис тинејџерка“ на Далас

Девојка со попреченост е новата „Мис тинејџерка“ на Далас

Далас, 19 октомври 2022 (МИА) - Тинејџерката Алисон Еплби беше крунисана за „Мис тинејџерка“ на Далас викендов, а нејзиното куче-помошник Брејди постојано беше до неа на сцената.

„Јас? Принцеза? Сериозно, сѐ уште сум во шок. Официјално сум „Мис тинејџерка“ на Далас за 2022 година“, напиша 17-годишното девојче на Инстаграм покрај фотографијата со своето куче. На Алисон, инаку, ѝ била дијагностицирана епилепсија пред две години. А, златниот ретривер ѝ помага со тоа што ја предупредува за нападите и околу лековите и помошта од други лица во близина, ако затреба, објави „КТЕН“. Девојката, притоа, ја истакна важноста од прифаќањето на животните-помошници во општеството и секојдневниот живот. - Кога се пријавив на овој конкурс, еден човек ми рече: 'Не можеш да го правиш ова. Нема да победиш, имаш терапевтско куче. Натпреварувачките немаат попреченост', раскажува таа. Според „4 шепи за можност“ (4 Paws for Ability), непрофитна организација која одгледува животни-помошници за лицата со попреченост, кучињата можат да детектираат хемиски промени во телото на човекот пред тој / таа да добие напад. Ако почувствува дека се случува напад, кучето лае за да привлече внимание и заради спречување или помош.  си/

Остани поврзан