• петок, 22 ноември 2024

Деветта генерација ученици во Академијата на ФФМ

Деветта генерација ученици во Академијата на ФФМ

Скопје, 3 август 2023 (МИА) – Академијата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) оваа година ја прими деветта генерација ученици од своето формирање во 2014 година.

Дел од фудбалската Академија на ФФМ во новата сезона 2023/24 ќе бидат вкупно 54 деца од генерациите 2009 и 2010.

- Со условите кои ги овозможуваме, со поддршката од УЕФА преку програмата за развој, сметам дека овие млади луѓе имаат неповторлива шанса да успеат во фудбалот. Правиме големи напори и обезбедуваме средства да го реализираме проектот на вистински начин и заеднички да се радуваме на новите играчи кои ќе ги создадеме во иднина, изјави денеска техничкиот менаџер и координатор на млади национални селекции во ФФМ, Зоран Стратев.

Како што соопшти ФФМ, досегашните анализи ја потврдуваат потребата од постоење и понатамошно вложување во ваков тип на проекти.

- ФМ ќе продолжи да работи напорно и посветено за доброто на македонскиот фудбал и создавање нови лидери кои ќе бидат носители на националниот тим на Македонија во иднина. Продолжуваме во таа насока, тренерите и инструкторите да имаат експертска обука од УЕФА со цел да ги подигнат своите стандарди на работа, а за возврат мотивирано да ја применат во својата работа, а младите фудбалери да добиваат суштински совети и насоки не само од техничка гледна точка, туку и од аспект на образованието и менаџирањето на процесот, се наведува во соопштението. ег/мд/

Фото: ФФМ

Остани поврзан