• среда, 02 октомври 2024

Деветнаесет тимови од Премиер лигата не се задоволни од продажбата на Њукасл на инвеститори од Саудиска Арабија

Деветнаесет тимови од Премиер лигата не се задоволни од продажбата на Њукасл на инвеститори од Саудиска Арабија
Лондон, 9 октомври 2021 (МИА) - Клубовите од англиската Премиер лига се жалат на продажбата на Њукасл на инвеститори од Саудиска Арабија. Премиерлигашите испратија протестно барање за итна интервенција при купувањето на Њукасл од инвеститори од Саудиска Арабија, пишува „Гардијан“. Деветнаесетте клубови од Премиер лигата се здружија против овој аранжман. Не секој во Англија е среќен што државата Саудиска Арабија се меша во работите на Премиер лигата. Во самата Саудиска Арабија, тврдат дека инвестициски фонд (ПИФ), кој го купи Њукасл, не е директно поврзан со државата. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан