• понеделник, 23 декември 2024

Деветнаесет мртви под одрон на земја во Кина

Деветнаесет мртви под одрон на земја во Кина

Пекинг, 5 јуни 2023 (МИА) – Деветнаесет лица вчера загинаа во свлечиште во провинцијата Сечуан, во југозападна Кина, објавија кинеските државни медиуми.

Според првичните информации за несреќата, локалната самоуправа пријавила 14 загинати и пет исчезнати, но телата на исчезнатите подоцна биле пронајдени, пишуваат службените гласила.

Изворите наведуваат дека до одронот на земјиштето дошло на врвот на планината, кај една  шумска фарма, во близина на градот Лешана.

Во 20 часот (14 часот по средноевропско време), пронајдена е 19-та жртва и потрагата по исчезнатите е прекината, јави кинеската државна телевизија CCTV.

Повеќе од 180 лица се испратени на местото на несреќата за да трагаат по преживеани, соопштија локалните власти.

Местото на несреќата е во планинска област, на околу 240 километри јужно од Ченгду, административниот центар на покраината. Околу 40.000 лица живеат во оваа рурална провиниција, главно од шумарство и земјоделство.

Одроните се честа опасност во кинеските планински и рурални области, особено за време на сезоната на дождови. сд/

Остани поврзан