• петок, 22 ноември 2024

Дебата „Иднината на Европа и иднината на проширувањето“

Дебата „Иднината на Европа и иднината на проширувањето“
Скопје, 19 мај 2021 (МИА) - Европското движење во Република Северна Македонија, кое дејствува во рамките на Меѓународното европско движење со седиште во Брисел денеска организира дебата на тема „Иднината на Европа и иднината на проширувањето“, како завршница на овогодишното одбележување на 9 Мај, Денот на Европа. За време на настанот ќе биде доделено и традиционалното признание за Европска личност на годината. На дебатата што се организира во соработка со „Конрад Аденауер“ и Делегацијата на Европската Унија, ќе учествуваат претставници на дипломатскиот кор, како и високи претставници на македонските институции во чија надлежност се евроинтеграциите. Во прилог е агендата за настанот. Според организаторите, на дебатата ќе говорат Милева Ѓуровска, претседател на Европското движење во Северна Македонија, Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн, Станислас Мрозек, прв советник во француската Амбасада, Калинка Габер државен секретар при Секретаријатот за европски прашања, Александар Николоски претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Арбер Адеми претседател на Комисијата за европски прашања. нд/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан