• вторник, 24 декември 2024

Дебата за младинско претприемништво во Скопскиот регион: предизвиците и перспективите

Дебата за младинско претприемништво во Скопскиот регион: предизвиците и перспективите
Скопје, 2 јуни 2021 (МИА) - Здружението СВТ Алумни Скопје, како членка на НМСМ, денеска ќе организира јавна расправа на која ќе се дискутира за моменталната состојба и можности за унапредување на локалната поддршка за младинското претприемништво во Скопскиот регион. Расправата се одржува во рамки на проектот „Поддршка на изборни реформи“ на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), а спроведуван од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и кој цели кон поинклузивни и подемократски изборни процеси раководени од зајакната организација на изборите кои се одблизу набљудувани од граѓаните. Од СВТ Алумни Скопје информираат дека во рамки на проектот, веќе втора година со ред се одржуваат различни активности, меѓу кои и Академија за јавни политики, наменета за зајакнување на капацитетите на членовите на подмладоците на политичките партии за креирање на политики засновани на потребите на граѓаните и нивно поактивно вклучување во политичките процеси, како и обуки за мобилизатори на заедницата кои ја следат работата на политичките чинители и ја мобилизираат јавноста во процесите на повикување на донесувачите на одлуки на одговорност за остварување на дадените политички ветувања. - Оваа јавна расправа, се организира на локално ниво, и на истата поканети се да присуствуваат претставници на локалната власт, надлежните државни институции, претприемачи и други граѓани. Говорници на настанот ќе бидат претставниците од Општина Кисела Вода, Агенцијата за млади и спорт, Агенцијата за промоција на претприемништвото, млад претприемач и универзитетски професор, соопштија од СВТ Алумни Скопје.фф/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан