• сабота, 23 ноември 2024

Дебатата меѓу Бајден и Сандерс поместена од Феникс во Вашингтон поради коронавирусот

Дебатата меѓу Бајден и Сандерс поместена од Феникс во Вашингтон поради коронавирусот
Вашингтон, 12 март 2020 (МИА) - Дебатата меѓу Џо Бајден и Берни Сандерс, двајцата преостанати демократски претседателски кандидати, ќе биде поместена од Феникс во Вашингтон, јави Демократскиот национален комитет (ДНЦ), поради загриженост од коронавирусот. Според портпарол на ДНЦ, главно тело на Демократската партија, дебатата закажана за в недела меѓу поранешниот потпретседател и сенаторот од Вермонт, ќе се емитува на Си Ен Ен, ќе биде одржана во студиото на телевизијата во Вашингтон, но без публика или присутни новинари, јави „Њујорк тајмс“. Еден од модераторите на дебатата, Хорхе Рамос, водител во „Јунивижн“, латиноамериканска телевизија во САД, нема да присуствува на дебатат бидејќи „се наоѓал во близина на лице кое било во директен контакт со лице кое било позитивно на коронавирус“. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан