• четврток, 04 декември 2025

Дебарските комуналци максимално ангажирани во одржување на јавната чистота, за првпат годинава ги мијат и улиците во населбите  

Дебарските комуналци максимално ангажирани во одржување на јавната чистота, за првпат годинава ги мијат и улиците во населбите  

Дебар, 10 јули 2025 (МИА) - Секторот за јавна чистота на Јавното комунално претпријатие „Стандард“ и ова лето максимално е ангажирано во одржување на хигиената во градот, кое опфаќа и миење на главната и пофреквентните улици, почнувајќи од влезот во градот, низ него, па се до излезот.

-Продолжуваме со востановената практика, но, ова лето, за првпат, реализираме акции и за миење на споредни улици во големите населби во градот. Проширувањето на периметарот на опфат на улиците е како никогаш досега. Миењето на улиците со вода во која ставаме и дезинфекциско средство го вршиме во ноќните часови. Оваа активност ја реализираме редовно, секоја вечер во летниот период, а тоа го правиме повремено и во другиот период од годината, изјави за МИА директорот на ЈКП „Стандард“, Бурим Каба.

Комуналците вложуваат максимум и во подигањето на отпад, како во градот така и населените места, каде што од минатата година се поставени и контејнери.

Каба апелира отпадот да се остава на определеното место за тоа, што значи почист град и поздрава животна средина, како и на рационално користење на водата за пиење а да не бидат принудени да воведуваат рестрикција.  

Исто така информираше дека пред два дена екипа на „Стандард“ со цистерна, била на припомош на дебарските пожарникари во гаснење на пожар на објект во селото Могорче, додавајќи дека „при секоја потреба и во секоја ситуација сме тука да им служиме на градот и неговите граѓани“. вт/дма/


Фото: ЈКП „Стандард“

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан