• сабота, 23 ноември 2024

Движење Беса: Предвремени парламентарни избори се вистинската опција

Движење Беса: Предвремени парламентарни избори се вистинската опција
Скопје, 31 мај 2022 (МИА) - Централното раководство на Движењето БЕСА денеска го одржа првиот состанок на кој биле избрани партиските органи. Како што соопштуваат од партијата за потпретседатели се избрани Фатмир Лимани, Блерим Сејдиу и Беса Кадриу, за генерален секретар е избран Абдуш Демири, а за портпарол на партијата Фарук Авдиу. Како што посочуваат од Беса, на состанокот било разговарано и за политичката состојба во државата и за тоа какви активности треба да се преземат понатаму. Движењето БЕСА смета дека предвремените парламентарни избори се вистинската опција бидејќи, како што посочуваат, актуелната власт нема кредибилитет да ја води иднината на државата и дека земјата треба што поскоро да оди на парламентарни избори.фф/цр

Остани поврзан