• недела, 22 декември 2024

Две лица уапсени за подметнување пожари во Грција

Две лица уапсени за подметнување пожари во Грција

Атина, 26 август 2023 (МИА) - Двајца мажи се уапсени денеска во Грција под обвинение за намерно подметнување шумски пожар.

Стотици пожарникари со денови се борат со шумските пожари во Грција, кои горат неконтролирано и во кои досега загинаа 21 лице.

Едниот маж е уапсен на Евија, затоа што намерно запалил исушена трева во близина на градот Каристос, а делото самиот го признал, информираат од противпожарната служба. Притоа тој признал и дека во текот на јули и август подметнал уште четири пожари на истото подрачје.

Второто лице е уапсено во Лариса, во централна Грција, исто така, поради намерно палење на исушена вегетација.

Официјални лица соопштија дека тоа предизвикало неколку пожари во Грција во текот на изминатата недела, но причината за неколку други шумски пожари кои беснеат низ целата земја останува непозната. 

Најголемиот пожар во моментов  е на североисток од земјата, во близина на градот Александрополис. сд/

фото:Скриншот  Ал Џазира

Остани поврзан