• среда, 03 јули 2024

Две лица загинаа во собраќајка на патот Штип - Крупиште

Две лица загинаа во собраќајка на патот Штип - Крупиште
Штип, 20 јуни 2021 (МИА) - Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на новиот експресен пат Штип - Крупиште. Надлежните од СВР - Штип потврдуваат дека несреќата се случила околу 16 часот на експресниот пат на четири километри пред штипската приградска населба Три Чешми. Засега нема информации на која возраст се жртвите и од каде се. Познато е дека несреќата се случила при директен судир меѓу две возила со велешки и битолски регистерски таблички. При несреќата има повредено и други лица, кои се хоспитализирани во Клиничка болница - Штип, при вадењто на повредените и двете жртви во несреќата интервенирале и штипските пожарникари. Надлежните од СВР - Штип најавија дека подетални информации за денешнава трагедија на експресниот пат Штип-Крупиште ќе имаат во текот на утрешниот ден. Според првичните информации од очевидци во несреќата загинале двајца велешани. Увид на местото на незгодата вршат полициски службеници и јавен обвинител од Штип. вдј/сп/

Остани поврзан