• вторник, 05 ноември 2024

Двејн Џонсон ѝ подари текила на 101-годишна обожавателка

Двејн Џонсон ѝ подари текила на 101-годишна обожавателка
Лос Анџелес, 20 октомври 2020 (МИА) - Една обожавателка на американскиот глумец Двејн Џонсон прослави 101. роденден, и по тој повод, од својот миленик доби две шишиња текила како подарок. Глумецот на почетокот на оваа година го лансираше својот текила-бренд, а Мери Гловер овој месец наполни 101 година и по пошта доби пакет изненадување од ѕвездата, заедно со пишана честитка за роденден. Таа е апсолутно воодушевена од подарокот, а „Карпата“ на интернет сподели и слика од среќната старица како позира со шишињата славејќи го роденденот. Притоа, тој ѝ посака уште многу здравје и со лесно да го испие пијалакот. си/гт/

Остани поврзан