• понеделник, 23 декември 2024

Двајца скопјани обвинети за противправно лишување од слобода и полов напад

Двајца скопјани обвинети за противправно лишување од слобода и полов напад

Скопје, 28 декември 2023 (МИА) - Поднесен обвинителен акт и барање за продолжување на мерката притвор за двајца 22-годишни скопјани, кои на 2 декември за наводен долг од 150 евра, однеле едно лице во Парк шумата Гази Баба, каде го соблекле и му ја запалиле облеката, а потоа извршиле и полови дејствија врз него.

- По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против двајца 22-годишни скопјани за кривично дело – полов напад и силување од член 186 став 1, како и противправно лишување од слобода според член 140 став 5 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик, известуваат од ЈО.

Оттаму, соопштуваат дека на 2 декември, обвинетите на свиреп начин му ја одзеле и ограничиле слободата на движење на едно лице кое наводно им должело 150 евра, така што против негова волја го однеле во Парк шумата Гази Баба, го соблекле и му ја запалиле облеката и личните работи, а потоа присилно извршиле и други полови дејствија кон него.

Со обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети. ир/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан