• петок, 22 ноември 2024

Двајца македонски туристи се удавија кај Драч (ДПЛ)

Двајца македонски туристи се удавија кај Драч (ДПЛ)
Тирана, 22 август 2021 (МИА) - Двајца повозрасни македонски туристи денеска напладне се удавиле на плажата Спиле, кај албанскиот пристанишен град Драч. Според информациите од Амбасадата на Република Северна Македонија во Тирана удавените биле од Битола. - Околу 11:25 часот на плажата Спиле, двајца македонски државјани се удавија. Според првичните сознанија причина се големите бранови и срцев удар. Станува збор за М.М (79) и Ц.М.(78), стои во полициското соопштение. Генералнот секретар на албанската федерација на спасувачи на вода, Гент Ласаку, за „Њуз 24“ изјави дека двајцата туристи се капеле на јавна плажа и биле дел од туристичка група од Северна Македонија. - На двајцата туристи им беше направена срцева масажа, но не беше можно тие да се вратат во живот. Набљудувачот интервенирал кога најпрво видел едно од телата. Но, кога влегол понатаму во морето, ги видел двете тела. Причината за давењето е срцев застој. И двајцата се мажи. Изразувам сочувство до нивните семејства, рече Ласаку. Според него, плажата каде што биле немала надљудувачи, туку интервенирал набљудувач од соседната плажа. - Срцева масажа правеа лица присутни на плажата, а потоа интервенираше и првата помош. Обезбедена е специјализирана помош со најновите апарати. Не беше можно да се вратат во живот со нивните поставувања. Дефинитивно потребен е набудувач на секоја плажа, бидејќи тие обезбедуваат специјализирана помош, додава тој. Од Министерството за надворешни работи информираат дека, според информации добиени од нашата Амбасада во Тирана, телата на двајца државјани на Република Северна Македонија се пронајдени починати во морето, близу Каваја. Двајца се мажи (М.М. и Ц.М.) од Битола. -Според информациите од нашата амбасада во Тирана, надлежните органи на Република Албанија работат на целосно расчистување на случајот. Министерството за надворешни работи останува во контакт со албанските власти преку нашата амбасада, соопштија од МНР. Речиси во исто време на плажа во Велипоја се удавил косовски турист на 59-годишна возраст.вт /цр

Остани поврзан