• среда, 25 декември 2024

Да прекинат воените дејствија во Украина, дајте и шанса на дипломатијата, бара Дипломатскиот клуб - Скопје

Да прекинат воените дејствија во Украина, дајте и шанса на дипломатијата, бара Дипломатскиот клуб - Скопје
Скопје, 1 март 2022 (МИА) - Бараме, веднаш да прекинат воените дејствија во Украина, за овој судир да не се претвори во глобална, светска катастрофа. Ги повикуваме дипломатите на своите лидери реално да им ја пренесат антивоената атмосфера на светското население кое бара мир за да се обезбедат суштинските цели - развој и благосостојба, се наведува во денешното соопштение од Дипломатскиот клуб – Скопје. Членовите на здружението на граѓани Дипломатскиот клуб – Скопје се придружуваат кон апелите на целокупната мирољубива заедница за итно запирање на воените дејствија во Украина во која страдаат нејзините граѓани и се девастираат вековно создадените нивни материјални придобивки. Наведуваат дека за секоја осуда е наредбата на рускиот претседател Путин за воена инвазија врз територијалниот интегритет на суверена Украина. - Современата цивилизација, хуманоста и маѓународното право ја забрануваат употребата на сила за разрешување на конфликти и повикуваат на давање на шанса на дипломатијата! За жал, дипломатијата не беше искористена пред отпочнување на воените акции во кои гинат недолжни граѓани, жени и деца, економиите на засегнатите страни, како и оние на регионот и пошироко доживуваат колапс – човештвото се враќа во своите најстари атавистички самоуништувачки фази, се посочува во соопштението. цр/сп/

Остани поврзан