• сабота, 23 ноември 2024

Да не се копаат криптовалути зашто тоа троши многу струја, апелира Ковачевски

Да не се копаат криптовалути зашто тоа троши многу струја, апелира Ковачевски
Скопје, 6 септември 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска апелира да не се копаат крипто валути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна. -Во однос на снабдувањето имам апел. Има одредени домови па и правни лица во кои има енормно висока потрошувачка на струја и тоа е речиси 100-процентно заради копање крипто валути, тоа треба да се прекине зашто таа електрична енергија е субвенционирана од сите граѓани. Субвенцијата која на финалната цена ја плаќаат граѓаните е 80 проценти, но кога ќе кажете 80 проценти значи дека ако не е субвенцијата граѓаните треба да платат пет пати повисока цена. Секое неразумно непродуктивно и несовесно тгрошење предизвикува недостиг, допонбителни буџетски издатоци и немање за снабдување на оние на кои им треба за најважните лични и деловни потреби, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по седницата на Советот за безбедност. Прашан зошто не се следи косовскиот пример кој законски забранува копање крипто валути, Ковачевски одговори дека за тоа е потребно носење законско решение. -Да, може, но за тоа мора да се донесе законско решение. Се додека не се донесе законско решение, ќе мора да се оди со апел, а доколку се работи за компании, односно за правни лица, знаете дека воведовме тарифирање во блокови па ако е голема потрошувачката преминуваат во друг блок. Во овој период не треба да се прави тоа поради недостигот на електрична енергија. Споредби со соседни држави е добро да се прават, јас сум во комуникација со сите, но секој има своја специфика. Косово моментно е во тешка ситуација и таму веќе се почнати рестрикции, истакна премиерот. мч/лв/ https://www.youtube.com/watch?v=EngkrKQCw_U

Остани поврзан