• понеделник, 23 декември 2024

Дачиќ: Немам желба за извршна власт

Дачиќ: Немам желба за извршна власт
Белград, 24 октомври 2020 (МИА) - Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека во неговата политичка кариера извршувал повеќе министерски функции, дека е на четвртото место во историјата на Србија во однос на должина на мандатот на министер за надворешни работи, поради што рече дека „нема желба за извршна власт“, јави дописникот на МИА од Белград. - Ако некој мисли дека ќе бидам протоколарен претседател на Парламентот, тоа едноставно не е во мојата природа,рече Дачиќ на ТВ Хепи и посочи дека „оние што велат дека позицијата претседател на Собранието е деградација, или се политички дилетанти или негативци“. Тој додаде дека оваа поделба е постигната во договор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поради најавените избори во 2022 година, во кои како владејачка коалиција треба да влезат зајакнати на претседателските и градските избори „не сметајќи ги тука покраинските и локалните избори“. Тој оцени дека Парламентот има голема одговорност во услови кога постојат одредени тензии и додаде дека тој треба да биде место каде се одвива дијалог, место со кое ќе разговараат и меѓународните фактори. - И претставниците на Европскиот парламент порачуваат дека за нив партнер е српскиот Парламент, рече Дачиќ. На прашање за политичкиот живот без опозиција во Парламентот, тој одговори дека не е во негова надлежност некого да го воведува во Парламентот и дека за тоа треба да размислуваат политичките партии. - Овде и наша цел е да видиме какви забелешки имаат другите партии во врска со изборниот процес и законите. Многу е важно да се дискутира за сите отворени прашања во нашето општество, кои не се само од политичка природа, туку се од општествено значење. Парламентот е местото каде треба да се слушнат сите гласови што постојат во нашето општество, рече Дачиќ. об/

Остани поврзан