• петок, 22 ноември 2024

Расте бројот на жртви во борбите во суданската провинција Дарфур

Расте бројот на жртви во борбите во суданската провинција Дарфур

Џенена, 8 мај 2023 (MIA) - Најмалку 100 луѓе се убиени во борбите што избувнаа минатиот месец во немирната суданска провинција Дарфур, според синдикатот на лекарите.

Болниците во градот Џенена во Дарфур остануваат затворени и тешко е да се одреди точниот број на повредени, додава суданската граѓанска организација во соопштението објавено на Фејсбук.

Како што пренесуваат странските агенции, борбите во Џенена, кои започнаа неколку дена по почетокот на борбите меѓу редовната армија и паравоените сили за брза поддршка во главниот град Картум, се знак дека конфликтот може да се прошири и во други делови на земјата.

Најмалку 481 цивили загинаа во Картум од средината на април, додаде синдикатот на лекарите. Бројот на повредени сега надминува 2.560. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан