• вторник, 05 ноември 2024

Дарманен: Русија е главната закана за странско мешање во Франција

Дарманен: Русија е главната закана за странско мешање во Франција

Париз, 28 февруари 2024 (МИА) - Русија е „денес главен непријател“ на Франција во информациската војна и странското мешање, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен.

Говорејќи пред сенатската комисија за порастот на антисемитските дејствија, Дарманен го спомена и странското мешање, велејќи дека „Русија несомнено е закана број еден“.

Дарманен се осврна на аферата со исчкртаните Давидови ѕвезди насликани на згради во парискиот регион во октомври 2023 година, наведувајќи дека делото потекнува од Русија.

Минатата недела, извор близок до досието изјави дека операцијата Давидови ѕвезди ја воделе руските безбедносни служби (ФСБ) со помош на посредници. За тоа претходно пишуваше парискиот весник Ле Монд.

Дарманен рече дека Русија не го прави тоа само во Франција, туку се погодени и други западни земји.

Францускиот министер додаде дека Русија „не е единствената земја што се занимава со тоа“, но има и „други азиски сили“, без да прецизира кои. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан