• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Дарко Димитриев избран за спортист на годината во Кавадарци 

Дарко Димитриев избран за спортист на годината во Кавадарци 

Кавадарци, 26 февруари 2025 (МИА) - Дарко Димитриев од Центарот за боречки вештини „Будо“, вечерва беше избран за спортист на годината во Кавадарци за 2024 година. Во организација на Сојуз на спортови,  беа доделени пехари и во неколку други категории за спортски достигнувања.

На настанот беа посочени бројните спортски успеси и медали. Беа доделени благодарници, наградени млади и надежни таленти, јуниори, сениори. Имаше и добитници на плакети, а меѓу нив, плакета и за кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, за посебен придонес, за поддршка и развој на спортот во општината. 

Меѓу добитниците на плакети е Леонард Кузев, со плакета за достигнување во високогорството, со искачени 3.789 метри надморска височина GROSSGLOCKNER во Австрија и 4 .478 метри надморска височина MATTERHORN во Швајцарија. Плакета за хумани вредности доби Здружението, спортски клуб на слепи  и слабовидни лица Визија Голбал. Меѓу плакетите за трајни вредности, е и таа за 50 години, Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди. Плакета за животно дело во спортското новинарство, доби Мики Виденовиќ. 

Вечерта во Домот на културата „Иван Мазов - Климе", беше збогатена и со музика. свд/вј/

Фото: МИА 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан