• среда, 18 декември 2024

Данскиот шампион Алборг го совлада Еурофарм Пелистер со 38:23 (18:10)

Данскиот шампион Алборг го совлада Еурофарм Пелистер со 38:23 (18:10)

Битола, 20 септември 2023 (МИА) - Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер вечерва во Данска е поразен од Алборг со 38:23 (18:10).

Битолчани добро го почнаа натпреварот, имаа водство од 4:2, а до 20 минута од средбата беа и рамноправен противник со тимот на познати ракометни ѕвезди предводени од Микел Хансен и одличниот чувар на голот на домашнио тим, Ландин. 

Нерешениот резултат 8:8 забрзано исчезна од семафорот кој на крајот од првото полувреме покажа 18:10, а во вториот дел на теренот имаше само еден тим, тимот на Алборг кој во 52 минута имаше и најголема предност од 16 голови.

Конечниот резултат 38:23 е реален одраз на покажаното на теренот, на кој најефикасни беа ракометарот Влах кај домаќините и Петровиќ кај битолчани кои постигнаа по 7 голови.

Во третото коло од европската ракометна Лига на шампионите, Еурофарм Пелистер во Битола го пречекува германскиот шампион Кил. мт/ев/

ФОТО: МИА

Остани поврзан