• понеделник, 16 септември 2024

Давид Силва му се придружи на Реал Сосиедад

Давид Силва му се придружи на Реал Сосиедад
Сан Себастијан, 18 август 2020 (МИА) - Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер сити, Давид Силва, стана играч на Реал Сосиедад, објавено е на официјалната веб-страница на клубот од Сан Себастијан. Договорот на играчот важи до 2022 година. Триесет и четиригодишниот Шпанец играше во Сити од 2010 година, каде се пресели од Валенсија. Вкупно, тој на сите турнири одигра 435 натпревари за англискиот клуб, постигна 77 голови и направи 140 асистенции. зс/  

Остани поврзан