• недела, 07 јули 2024

Д’Аверса го замени Раниери на клупата на Сампдорија

Д’Аверса го замени Раниери на клупата на Сампдорија
Џенова, 4 јули 2021 (МИА) – Италијанскиот фудбалски прволигаш Сампдорија го назначи денеска 45-годишниот стратег Роберто Д’Аверса за свој нов тренер на местото на искусниот Клаудио Раниери. Д’Аверса ја предводеше претходно Парма, од декември 2016 година до минатиот август, кога беше заменет со Фабио Ливерани. По серијата лоши резултати на екипата под водство на Ливерани, Парма во јануари го врати на клупата Д’Аверса, но, ниту тој не успеа да го спаси клубот од преселба во Серија Б. ег/паг/

Остани поврзан