• вторник, 09 јули 2024

Дабл-дабл на Харден за прва победа на Филаделфија во новата сезона

Дабл-дабл на Харден за прва победа на Филаделфија во новата сезона
Филаделфија, 25 октомври 2022 (МИА) - Филаделфија ја совлада Индијана со 120:106 ноќеска во натпреварот одигран во „Велс Фарго Центар“ пред 20 илјади гледачи. Предводник во триумфот на домаќините беше Џејмс Харден со 29 поени и 11 асистенции. Ова беше прва победа за Сиксерси во новата НБА-сезона која ја почнаа со три порази по ред. Резултати на другите натпревари одиграни ноќта понеделник кон вторник: Мајами – Торонто 90:98 Њујорк – Орландо 115:102 Чикаго – Бостон 120:102 Хјустон – Јута 114:108 Мемфис – Бруклин 134:124 Минесота – Сан Антонио 106:115 Портланд – Денвер 135:110. зс/

Остани поврзан