• понеделник, 23 декември 2024

Г7 вети забрзување на мерките за обновлива енергија и нула емисии на јаглерод

Г7 вети забрзување на мерките за обновлива енергија и нула емисии на јаглерод

Сапоро, 16 април 2023 (МИА) – Во заедничката изјава од дводневната средба на министрите за енергетика и екологија на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7), што се одржува во Сапоро, Јапонија, се ветува интензивирање на напорите за почиста, обновлива енергија. Но, не е предвиден краен рок за затворање на електраните на јаглен.

Јапонија доби одобрение од другите земји од Г7 за нејзината национална стратегија за енергетска безбедност со чист јаглен, водород и нуклеарна енергија. Во Јапонија една третина од електричната енергија ја произведува од така наречениот чист јаглен, користејќи технологија за запирање на емисиите на јаглерод и водород што се користи како гориво.

- Препознавајќи ја тековната глобална енергетска криза и економските нарушувања, повторно ја нагласуваме нашата посветеност за забрзување на транзицијата кон зелена енергија на нула емисии на стакленички гасови најдоцна до 2050 годинасе наведува во соопштението од Г7.

Повикот за акција доаѓа кога се зголемуваат барањата од Кина и другите земји за поголема помош за постепено укинување на употребата на фосилни горива и стабилизирање на цените и снабдувањето со енергија во услови на прекин поради војната во Украина.

Документ ја повторува потребата од итно намалување на емисиите на јаглерод и постигнување енергетски сектор главно без јаглерод до 2035 година.

Земјите од Г7 претставуваат 40 отсто од светската економска активност и четвртина од глобалните емисии на јаглерод. Нивната акција е од суштинско значење, но и нивната поддршка за помалку богатите земји кои најчесто страдаат од најлошите ефекти од климатските промени, а имаат најмалку ресурси за ублажување на тие ефекти. ми/

фото: Твитер

Остани поврзан