• среда, 17 јули 2024

ГФК Тиквеш претстави три нови засилувања

ГФК Тиквеш претстави три нови засилувања
Кавадарци, 11 август 2021 (МИА) - Новиот прволигаш ГФК Тиквеш од Кавадарци, претстави три нови засилувања кои станаа дел од клубот. Се работи за две засилувања во одбраната и едно во средниот ред. Како што информираат од клубот, Мирза Идризовиќ е новиот интернационален играч кој доаѓа од ФК Тутин - Србија и ќе ја потполни бековската позиција. Никола Костадинов доаѓа од екипата на ФК Кожуф од Гевгелија и ќе го потполни средниот ред, а Ристе Каракамишев, кој доаѓа од екипата на ФК Силекс од Кратово, ќе ја потполни стоперската позиција. Од клубот дополнуваат дека Каракамишев ќе биде во комбинација за натпреварот против екипата на ФК Борец од Велес во недела. ар/сп/

Остани поврзан