• понеделник, 23 декември 2024

Гутереш: Светот треба да се спаси од глобалното затоплување

Гутереш: Светот треба да се спаси од глобалното затоплување
Каиро, 17 ноември 2022 (МИА) – Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутерш денеска предупреди дека преговарачите на климатскиот Самит КОП27 во Египет мора да ја надминат „урнатата доверба“ помеѓу богатите и сиромашните земји за да постигнат договор со кој би се спасил светот од најлошото глобално затоплување. - Се наоѓаме во клучниот момент од преговорите. Светот набљудува и има едноставна порака: позиционирајте се и испорачајте, истакна Гутереш. Тој додаде дека глобалните емисии се на највисоко ниво во историјата и оти и понатаму се во пораст. - Знаеме што треба да се направи и имаме алатки и ресурси тоа да го направиме, посочи Гутереш. Едно од прашањата за кое има несогласувања на Самитот КОП27 е дали треба да се формира фонд за компензација на сиромашните држави од климатските промени. Богатите држави, меѓу кои и САД се против формирање на таков фонд. Гутереш упати апел до развиените земји да го исполнат ветувањето со кое ќе се обезбедат 100 милијарди долари годишно за помош на сиромашните држави да се приспособат на климатските промени и да преминат на чиста енергија. Тој, исто така, ги повика земјите да направат повеќе за намалување на штетните емисии со цел да се постигне меѓународната цел поставена на минатите климатски самити - да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови,  вклучително и да се ограничи употребата на фосилни горива. ми/

Остани поврзан