• понеделник, 23 декември 2024

Гутереш: Нуклеарната војна е незамислива

Гутереш: Нуклеарната војна е незамислива
Киев, 29 април 2022 (МИА) - Нуклеарната војна е незамислива, изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во Киев, зборувајќи за можна трета светска војна. Тој во четвртокот за Би-Би-Си изјави дека „мора да направат се што е можно за да го спречат тоа“. Гутереш порача дека ОН нема да се откажат и дека сакаат мир во Украина „во согласност со повелбата на Обединетите нации“. „На Украина и треба помош и ја заслужува нашата целосна посветеност и целосна поддршка“, рече генералниот секретар на ОН по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Гутереш повика и на отворање коридор за евакуација од украинскиот град Мариупол, велејќи дека градот е под опсада и „во криза“. „На илјадници цивили им е потребна помош за да си ги спасат животите. На многу постари луѓе им е потребна медицинска нега или нивната подвижност е ограничена, им треба начин да избегаат од апокалипсата“, додаде тој. Генералниот секретар вчера се сретна со претседателот на Украина и министерот за надворешни работи, Дмитриј Кулеба, по посетата на Москва, каде што се сретна со претседателот на Русија, Владимир Путин и министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров. паг/    

Остани поврзан