• среда, 18 декември 2024

Гутереш за независна истрага за пренасочувањето на авионот кон Белорусија

Гутереш за независна истрага за пренасочувањето на авионот кон Белорусија
Њујорк, 24 мај 2021 (МИА) – Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш е за независна истрага за пренасочувањето на патничкиот авион на ирската компанија Рајанер кон Минск и апсењето на белоруски опозиционер, кој патувал во него. Портпарол на Гутереш изјави дека шефот на ОН ги поддржува повиците за „целосно транспарентна и независна истрага за овој загрижувачки инцидент“ и ги повика сите актери да соработуваат во истрагата. Тој е „длабоко загрижен за навидум присилното слетување на авион со патници во Белорусија и потоа апсењето на новинарот Роман Проташевич“, се вели во изјавата на портпаролот на генералниот секретар, Стефан Дижарик. јт/

Остани поврзан