• понеделник, 23 декември 2024

Гутереш го поздрави договорот меѓу САД и талибанците

Гутереш го поздрави договорот меѓу САД и талибанците
Вашингтон, 29 февруари 2020 (МИА) - Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска истакна дека договорот меѓу САД и Талибанците е значаен чекор кон постигнување трајно политичко решение во Авганистан, потенцирајќи дека е клучно да се намали насилството во земјата. - Генералниот секретар ги поздравува напорите за постигнување долгорочно политичко решение во Авганистан. Денешните случувања во Доха и Кабул се показатели дека во тој поглед е постигнат значителен напредок, се вели во соопштението од портпаролот на ООН Стефан Диџарик. Тој потенцира дека Гутереш ги поддржува континуираните напори на сите страни во Авганистан да се создадат услови за преговори на сите политички актери и така да се отвори патот кон постигнување прифатливо мировно решение. ссм/  

Остани поврзан