• понеделник, 23 декември 2024

Гутереш апелира банките да не финансираат проекти за фосилни горива

Гутереш апелира банките да не финансираат проекти за фосилни горива
Њујорк, 14 октомври 2020 (МИА) - Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска упати апел до развојните банки да престанат да ги поддржуваат проектите поврзани со фосилните горива. Неговиот апел уследи откако беше објавен извештајот според кој Светска банка од 2015, годината кога беше постигнат Парискиот договор за климата, вложила повеќе од 12 милијарди долари во фосилни горива, а дури 10,5 милијарди долари биле наменети за директно финансирање на нови проекти. Екологистите со години се обидуваат да ги наговорат комерцијалните банки да не даваат кредити за проекти за нафта, јаглен и природен гас, кои создаваат опасно ниво на штетни гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина и предизвикуваат климатски промени. Државните развојни банки, чија поддршка често е пресуден фактор во носењето на одлука за финансирање на проекти во земјите во развој, исто така се почесто се соочуваат со апелите да го укинат финансирањето на спорниот сектор. Гутереш ја повика коалицијата на министри за финансии и креаторите на економски политики од десетина земји да овозможат развојните банки да престанат да вложуваат во фосилните горива и да се пренасочат на обновливите извори на енергија. ми/

Тагови

Остани поврзан