• петок, 22 ноември 2024

„Гугл“ почнува со бришење неактивни мејл-адреси и профили

„Гугл“ почнува со бришење неактивни мејл-адреси и профили

Лос Анџелес, 28 ноември 2023 (МИА) - „Гугл“ во декември ќе почне со бришење милиони профили на услугите „Г-мејл“, „Драјв“ и „Фото“ што не се користат. Тоа, како дел од безбедносните мерки за заштита на корисниците.

Потфатот има за цел да се справи со ранливоста на неактивните профили, кои може да се потпираат на застарени или повторно употребени лозинки и немаат двофакторна автентикација. „Гугл“ истакнува дека овие занемарени профили се подложни на кибер-напади и злоупотреби на податоците, идентитет, но и можна плодна почва за проток на спам или злонамерна содржина.

Бришењето ќе се сосредоточи на профилите што се неактивни две години. Ова важи само за личните профили на корисници-поединци, а не и за оние на компании, училишта и други институции.

Како да го сочувате својот профил? За да се избегне бришење, корисникот треба да се најавува најмалку еднаш во две години. Покрај тоа, постоечките претплати што се поврзани со сметка на „Гугл“ придонесуваат за одржување на активниот статус на профилот.

Овој проактивен пристап ги охрабрува корисниците и поредовно да ги користат услугите на „Гугл“, спречувајќи или отежнувајќи ги и на овој начин можните злоупотреби.  си/паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан