Грчко МНР: Електричното поврзување Грција – Кипар – Израел продолжува согласно планираното
- Проектот ќе продолжи врз основа на планираното, истакна портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот брифинг со новинарите во однос на електричното поврзување на Грција со Кипар и Израел, додека пак кипарскиот министер за финансии во интервју за „Катимерини“, за истиот проект коментираше дека „не е одржлив“, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 3 септември 2025 (МИА) – Проектот ќе продолжи врз основа на планираното, истакна портпаролката на грчкото МНР, Лана Зохиу, на денешниот брифинг со новинарите во однос на електричното поврзување на Грција со Кипар и Израел, додека пак кипарскиот министер за финансии во интервју за „Катимерини“, за истиот проект коментираше дека „не е одржлив“, јави дописничката на МИА од Атина.
Одговарајќи на новинарско прашање за проектот Great Sea Interconnector, односно електричното поврзување на трите земји, Зохиу нагласи дека станува збор за „проект од геостратешко значење и има обезбедено европска поддршка“ и токму затоа ќе продолжи согласно планираното.
Од друга страна, министерот за финансии на Кипар Макис Керавнос говорејќи за кипарското издание на весникот „Катимерини“ рече дека проектот за електрична интерконекција не е одржлив под конкретните услови.
Објасни дека има две студии од независни и сериозни организации, кои дошле до конкретниот заклучок. ср/сд/
Фото: Архива МИА