• понеделник, 23 декември 2024

Грчкиот Парламент ја укина 20-годишната одредба за држење на децата бегалци без придружба во полициски станици

Грчкиот Парламент ја укина 20-годишната одредба за држење на децата бегалци без придружба во полициски станици
Атина, 10 декември 2020 (МИА) – Со широка поддршка од сите опозициските партии, со исклучок на Грчко решение, Парламентот во Грција ја укина одредбата од пред 21 година за задржување во полиските станици на децата бегалци без придружба, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис во неговото обраќање рече дека станува збор за „историска расправа во Парламентот“, со оглед на тоа дека земјата уште од 2001 година била остро критикувана од Советот на Европа, а биле донесени и пресуди за конкретната мерка. Митаракис објасни дека на 31 март 2020 година имало 331 дете бегалец без придружба под „заштитен притвор“ во полициските станици, а од 14 ноември 2020 година, сите деца, веќе се префрлени во центри за прием на бегалци. Говорејќи за малолетните бегалци без придружба во земјата, надлежниот министер рече дека преку програмата за доброволна релокација на овие деца, досега заминале 521, а до април следната година планирано е, во некоја од европските земји, да се релоцираат уште 1.036 деца . Објасни дека од март до септември, сите малолетници без придружба вкупно 1.752, кои биле во прифатните центри на грчките острови и кај Еврос, биле пренесени во континентална Грција. ср/

Остани поврзан