• сабота, 21 декември 2024

Грчкиот буџет со суфицит од три милијарди евра во првиот квартал од годинава

Грчкиот буџет со суфицит од три милијарди евра во првиот квартал од годинава

Атина, 19 април 2023 (МИА) – Во периодот јануари - март 2023 година, Грција постигнала суфицит од три милијарди евра, наспроти целта за примарен суфицит од 28 милиони евра , според привремените податоци од Министерството за финансии за извршување на државниот буџет, јави дописничката на МИА од Атина.

Од надлежното Министерство соопштија дека даночните приходи изнесуваат 13.682 милиони евра, зголемени за 1.508 милиони евра или 12,4 отсто во однос на целта вклучена во воведниот извештај на Буџетот за 2023 година.

Алтернативниот министер за финансии на Грција Теодорос Скилакакис рече дека од податоците за извршување на буџетот за месец март, „произлегува континуитет на многу добриот тек на приходите што е директна последица на значително подобриот тек на економијата во однос на буџетските прогнози“.

Додаде дека земјата се движи кон изборите во средина на фискална стабилност потврдено и од меѓународните организации (ММФ, ЕУ), од рејтинг агенциите, од пазарите, како и од реалните податоци на приходите, „кои како и секогаш, непобитно го опишуваат напредокот на грчката економија“. ср/ссм/

Остани поврзан