• вторник, 03 декември 2024

Грчка компанија казнета со два милиони евра поради нејасни попусти на одредени производи

Грчка компанија казнета со два милиони евра поради нејасни попусти на одредени производи

Атина, 14 декември 2023 (МИА) – Грчката компанија „Коцоволос“, една од најголемите мрежи на продавници за бела техника во земјата е казнета со два милиони евра поради тоа што за одредени производи на попуст, не била јасно наведена цената пред и по намалувањето, соопштија од Министерството за развоја на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. 

Казната е изречена по спроведената инспекција од надлежната служба, а се однесува на прекршување на соодветен закон за попустите. 

Поконкретно, во онлајн продавницата за одредени производи кои се продавале на попуст, не била наведена продажната цена пред и по примената на намалувањето.

Министерот за развој на Грција Костас Скрекас рече дека ќе продолжат со контролите, но и со изрекувањето казни онаму каде што не се спроведуваат законите. 

-Пазарот не е ничија сопственост, постојат закони и правила на работа за секого. Го контролираме пазарот, го штитиме потрошувачот. Нема да дозволиме неказнивост, истакна Скрекас. ср/сд/

Остани поврзан