• понеделник, 23 декември 2024

Грчката Влада демантира дека постоеле контакти со Турција во пресрет на Самитот на ЕУ

Грчката Влада демантира дека постоеле контакти со Турција во пресрет на Самитот на ЕУ
Атина, 10 декември 2020 (МИА) – Министерството за надворешни работи на Грција и владиниот портпарол Стелиос Пецас ја демантираат информацијата објавена во грчкиот весник „Димократиа“ дека постоеле контакти со турската страна во пресрет на Самитот на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина. Во текстот „Мицотакис му се поклонува на султанот“ објавен на насловната страна на весникот, пишува дека советничката на Мицотакис стапила во контакт со советникот на Ердоган и побарала почеток на дијалогот меѓу двете земји. „Димократиа“ коментира дека „продолжува тајната дипломатија“ со „потег на потчинетост кусо пред пред денешниот Самит на ЕУ“, а министерот за надворешни работи Никос Дендиас не бил запознаен. Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас демантира контакт меѓу советниците на Мицотакис и Ердоган вели дека „се чини дека некои станаа зависни од fake news “ и „измислија тајни договори со Турција“. -Ја демантираме денешната објава во весникот „Димикратиа“. Не постоеше комуникација помеѓу дипломатската советничка на премиерот Елени Соурани и претставникот на турскиот претседател за одново започнување на прелиминарните контакти. Никој нема право да игра игри на товар на земјата, вели Пецас во соопштението. Со соопштение излезе и Министерството за надворешни работи на Грција, кое исто така ги демантира информациите за контакти со турската страна, објаснува дека шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас вчера, „ по којзнае кој пат во изминатите денови“ , остварил „долга соработка со премиерот Мицотакис и неговата дипломатска советничка“ во пресрет на состанокот на Европскиот совет. - Прашање за предлог за продолжување на прелиминарните разговори со Турција ниту е покренато, ниту постои, сè додека соседната земја не покаже промена во нејзиното однесување со конкретни активности, како и со долгорочно избегнување на провокации, соопштуваат од грчкото МНР. ср/

Остани поврзан