• сабота, 23 ноември 2024

Грција ќе воведе поштенско гласање за европските избори

Грција ќе воведе поштенско гласање за европските избори

Атина, 30 ноември 2023 (МИА) - Воведуваме, за секој што сака, во и вон Грција, поштенско гласање. Тоа е нешто што е усвоено во повеќето држави и мислам дека дојде време да важи и кај нас, соопшти грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на денешната владина седница, јави дописничката на МИА од Атина. 

Мицотакис истакна дека станува збор за „храбра реформа“, изборниот процес суштински се збогатува, а можноста за гласање по пошта е најсилниот одговор за малата излезност на граѓанте на изборте. 

-Ова е навистина вистински напредок, тоа е големо демократско достигнување.  Се однесува на многу категории Грци и Гркинки на кои физичкото присуство на гласачките места не им е лесно: стари лица, болни, лица со посебни потреби, млади луѓе кои работат сезонски, работници на денот на изборите, па дури и студенти или ученици кои го завршуваат средното образование кои можеби имаат испити и други приоритети. Сите овие, доколку го одберат тоа, ќе можат да гласаат по пошта без патување и без непријатности, истакна Мицотакис.

Паралелно ја остави отворена можноста поштенското гласање да се воведе и на следните парламентарни избри. 

Втората новина што грчкиот премиер ја соопшти на владината седница, а исто така поврзана со евроизборите е дека целата земја ќе биде една изборна единица.ср/сд/

Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Остани поврзан