• среда, 17 јули 2024

Грција со непроменет став за европската перспектива на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан

Грција со непроменет став за европската перспектива на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан
Атина, 12 ноември 2020 (МИА) –  Поддршката на Атина за ЕУ перспективата на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Северна Македонија ја изразија министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на нивното учество на состаноците во рамките на Берлинскиот процес во понеделниот и вторникот, а оваа поддршка ја потврдуваат и грчки дипломатски извори. Се чини дека ставот на Софија не влијае врз стабилната грчка позиција за европската иднина на регионот, со оглед на тоа дека извори од Министерството за надворешни работи на Грција коментираат дека нивната позиција е јасна, односно дека ја поддржуваат европската перспектива на земјите од Западен Балкан, врз основа на исполнување на поставените услови и додаваат дека ова е нешто што тие континуирано го истакнуваат, јави дописничката на МИА од Атина. Во вторникот, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, за време на учеството на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес ги повтори посветеноста на Грција на Агендата од Солун и поддршката за европската перспектива на земјите од регионот. ср/са/

Остани поврзан