• недела, 22 декември 2024

Грција нема да испрати во Украина Ф-16 или противракетни системи

Грција нема да испрати во Украина Ф-16 или противракетни системи

Атина, 12 јули 2024 (МИА) – Можноста Грција да испрати во Украина Ф-16 или противракетни системи Патриот или системи С-300, целосно ја отфрли грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на прес конференцијата во Вашингтон по завршувањето на НАТО Самитот, јави дописничката на МИА од Атина.

- Сакам да бидам јасен, Грција не отстапи Ф-16 во иницијативата Ф-16. Постојат други земји што го направија овој избор. Но, нашата цел е да ѝ овозможиме на Украина да се брани на најефикасен начин, рече Мицотакис.

Додаде дека важно е да постои одржлив и праведен мир, „овој мир не може да се постигне во услови на капитулација на Украина, а за Украина да не капитулира, треба сите да продолжиме да ја поддржуваме“.

-Имам повторено дека Грција нема да ѝ отстапи на Украина ниту системи Патриот ниту системи С-300. Отстапивме други типови на противвоздушни системи, со помал дострел, секогаш, да го повторам ова, во согласност со Генералштабот на националната одбрана, за да ја поддржиме Украина во оваа многу тешка битка што ја води, рече Мицотакис. ср/ссм/

Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Остани поврзан