• петок, 19 јули 2024

Грција ги отфрла барањата од Турција за демилитаризација на островите

Грција ги отфрла барањата од Турција за демилитаризација на островите

Атина, 10 февруари 2022 (МИА) - Ги отфрламе во целост неодамнешните обвинувања на турските официјални лица за статусот на островите во Егејското Море. Не само што не се во согласност со основните принципи на меѓународното право, туку тие ја надминуваат и едноставната логика, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Папајоану, одговарајќи на новинарско прашање, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми изјавата на Папајоану доаѓа по барањата од турска страна, преку министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу,  за демилитаризација на островите во Егејското море.

Папајоану додаде дека грчката позиција за конкретното прашање е позната, постојаниот претставник на Грција во ОН испратил писмо до генералниот секретар на ОН, а Грција „останува посветена на принципите на меѓународното право и е подготвена за конструктивен дијалог со Турција, врз основа на овие принципи“. ср/сд/

Остани поврзан