• недела, 24 ноември 2024

Групата за нуклеарно планирање на НАТО ќе се состане утре на министерскиот состанок во Брисел

Групата за нуклеарно планирање на НАТО ќе се состане утре на министерскиот состанок во Брисел

Брисел, 12 јуни 2024 (МИА) - Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО на состанокот утре и задутре во Брисел ќе разговараат за адаптацијата на нуклеарните капацитети на сегашната безбедносна средина, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

-Групата за нуклеарно планирање ќе се состане како дел од министерскиот состанок, на кој сојузниците ќе разговараат за тековното прилагодување на нуклеарните капацитети на сегашната безбедносна средина“, рече Столтенберг на прес-конференција.

На прашањето каква порака испраќа НАТО до Москва, Столтенберг рече дека сојузниците „мора да бидат способни јасно да соопштат дека нашето нуклеарно одвраќање е ефективно, безбедно и доверливо“.

-И тоа е она што го правиме со модернизирање, практикување и соопштување на она што го правиме, додаде тој.

Тој рече дека веќе е постигнат значителен напредок, дека овој месец Холандија ги прогласи првите борбени авиони Ф-35 подготвени за нуклеарната мисија на НАТО, дека САД го модернизираат своето нуклеарно оружје во Европа.

-Како што се развиваат предизвиците, нуклеарната мисија на НАТО останува иста, рече Столтенберг, додавајќи дека нуклеарната закана не е само од Русија, туку и од Кина и Северна Кореја. мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан