• понеделник, 23 декември 2024

Грузиските фудбалери ќе бидат одликувани со Орден на честа за пласманот на Евро 2024

Грузиските фудбалери ќе бидат одликувани со Орден на честа за пласманот на Евро 2024

Тбилиси, 27 март 2024 (МИА) - Премиерот на Грузија, Иракли Кобахиџе одлучи фудбалските репрезентативци да добијат Орден на честа за пласман на Европското првенство во 2024 година.

- Лично, како навивач, го чекав овој ден 30 години. А момците ни ја дадоа најголемата среќа. Овие момци се херои и хероите треба да се ценат. Ова се најчесните луѓе и затоа донесовме мала одлука - нашите фудбалери ќе бидат одликувани со Орден на честа, сите! – напиша Кобахиџе на социјалните мрежи.

Грузија синоќа за прв пат избори учество на Европско фудбалско првенство. Прославата во Тбилиси траеше до доцна во ноќта.

На ЕП 2024, Грузија ќе игра во група со Португалија, Чешка и Турција. 

Европското фудбалско првенство 2024 ќе се одржи во Германија од 14 јуни до 14 јули. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан