• недела, 24 ноември 2024

Грузиската претседателка повика на нови избори во Грузија

Грузиската претседателка повика на нови избори во Грузија

Тбилиси, 12 ноември 2024 (МИА) - Грузиската претседателка Саломе Зурабишвили, кој е во расправија со владата, повика вчера на нови парламентарни избори, откако владејачката партија Грузиски сон победи на изборите во октомври кои опозицијата ги осуди како наместени.

Прозападната опозиција во оваа кавкаска земја одби да ги признае резултатите од парламентарните избори, кои завршија со победа на партијата Грузиски сон, обвинета за авторитарна и проруска пристрасност.

Грузиската претседателка, која има ограничени овластувања, на прес-конференција ги осуди „изборите контролирани и манипулирани од една партија“, мислејќи на Грузиски сон.

-Денес се соочуваме со криза, рече таа, додавајќи дека е неопходно да се организираат „нови избори за Грузија да има легитимен парламент и легитимна влада“.

Зурабишвили, кој ја обвинува Русија за мешање во изборите, објави дека група пратеници од осум европски земји, вклучително и Франција и Германија, биле во Грузија за да помогнат „да се најдат начини за излез од оваа криза“.

Претседателот на парламентот Шалва Папуашвили одби да се сретне со делегацијата. Делегацијата, пак, се приклучи на демонстрациите на про-ЕУ на опозицијата пред парламентот синоќа.

Европската унија, во која Грузија сака да се приклучи, врши притисок врз владата на земјата од изборите на 26 октомври.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во петокот рече дека „постојат сериозни сомнежи за измама кои бараат целосна истрага“.

Владејачката партија Грузиски сон, од своја страна, рече дека гласањето било слободно и фер и дека членството во ЕУ останува „апсолутен приоритет на нејзината влада“. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан