• петок, 22 ноември 2024

Груевски: Околу триесетина илјади кубни метри дрва годишно се сечат на диво, огревни дрва ќе има доволно

Груевски: Околу триесетина илјади кубни метри дрва годишно се сечат на диво, огревни дрва ќе има доволно

Скопје, 4 ноември 2023 (МИА) - Она што ние го евидентираме се околу триесетина илјади кубни метри пресечени дрвна маса годишно како дива сеча, кои биле откриени од нашата шумо-чуварска служба, Министерството за внатрешни работи и Шумската полиција, а дел остануваат неоткриени, истакна директорот на ЈП „Национални шуми“ Валентин Груевски.

-Во постојан контакт сме со МВР и со Шумската полиција и ова е секојдневна и континуирана борба против дрвокрадците. Мислам дека не може брзо и лесно да се искорени тоа. Меѓутоа она што охрабрува се подоследните акции на МВР. Најголемата борба тука може да ја направи Министерството за внатрешни работи. Последните акции кои се направени во последните месец дена даваат надеж дека тој проблем може да се искорени, рече Груевски на денешната најавна прес-конференција за отпочнување на годинешната акцијата за пошумување – Пошумуваме заедно 2023.

На новинарско прашање дали годинава има доволно дрва за огрев, Груевски потврди дека ќе има доволно и оти очекува да не има проблеми со испораката на дрва.

-Дрва за огрев оваа година ќе има доволно. Преку приватните коминтети кои работат со нас, мислам дека е при крај испораката на дрвото што е платено за оваа година. Нема да имаме проблем со испораката на дрва. Исто така, немавме проблем и за ланската година. Завршено беше се навреме, рече Груевски.фф/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан