Груби го свика Комитетот за Коридорите 8 и 10 Д, се формираат преговарачките тимови
- Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска го свика вториот состанок на Комитетот за изградба на Коридорите 8 и 10 Д. На состанокот е одлуч
![Груби го свика Комитетот за Коридорите 8 и 10 Д, се формираат преговарачките тимови](https://new.mia.mk/images/20221113165436_big_730x400_26.webp )
Скопје, 28 јуни 2022 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска го свика вториот состанок на Комитетот за изградба на Коридорите 8 и 10 Д. На состанокот е одлучено да и се предложи на Владата формирање на екипите за експропријација, преговори и за спроведување на најголемиот инфраструктурен проект во земјава, што ќе го реализира конзорциумот Бехтел Енка.
Коридорот 8 предвидува изградба на автопатот според современи стандарди на патната инфраструктура во три правци: Тетово - Гостивар, Гостивар - Кичево, Ќафасан - Струга-Требениште.
Коридорот 10 Д предвидува изградба на автопатот Битола – Прилеп.
Како што соопштија од кабинетот на првиот вицепремиер, со изградбата и на автопатот Скопје-Блаце, што беше одобрено од страна на Собранието и одборот на директори на ЕБОР, значително ќе им се олесни движењето на граѓаните од граничниот премин Блаце со Косово до граничниот премин Ќафасан со Албанија.
-Реализацијата на овие големи проекти на патната инфраструктура значително ќе влијае на зајакнувањето на трговските односи меѓу балканските земји, побрзо и поквалитетно движење на граѓаните, појаснуваат во соопштението.
Законот за изградба на Коридорот 8 беше одобрен на 15 јули минатата година во Собранието на предлог на пратениците на парламентарното мнозинство и беше потврден од страна на Уставниот суд на 9 декември.бт/дма/
![комитет за коридорите 8 и 10д.jpg1](/articles/images/%d0%b3%d1%80%d1%83%d0%b1%d0%b8-%d0%b3%d0%be-%d1%81%d0%b2%d0%b8%d0%ba%d/gMUbfhG7a/placeholder.webp?use_watermark=0)
![комитет за коридорите 8 и 10д.jpg2](/articles/images/%d0%b3%d1%80%d1%83%d0%b1%d0%b8-%d0%b3%d0%be-%d1%81%d0%b2%d0%b8%d0%ba%d/qb5r3DBEZ/placeholder.webp?use_watermark=0)