• недела, 22 декември 2024

Гроси: Сега треба да дејствуваме за нуклеарната безбедност на Украина

Гроси: Сега треба да дејствуваме за нуклеарната безбедност на Украина
Виена, 23 март 2022 (МИА) - Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси повторно ја нагласи „итна потреба“ да се испратат експерти и опрема во Украина за да се осигури безбедноста на нејзините нуклеарни постројки и да се спречи ризикот од тешка несреќа. Тој додаде дека е сериозно загрижен за ситуацијата во Украина, но оти се надева дека ќе биде постигнат договор за пружање на техничка помош за безбедно работење на украинските нуклеарни централи. - Не можеме да си дозволиме да губиме повеќе време. Треба да дејствуваме сега, посочи Гроси. - Украинските нуклеарни капацитети вклучуваат 15 реактори, како и Чернобил, местото на најтешката нуклеарна несреќа во светот во 1986 годинами/

Остани поврзан